Колку е здрава храната што ја консумираме?!
Што јадеме и колку е здрава храната што ја консумираме. Ова прашање нема кој што не си го поставил-колку пестициди и вештачко ѓубриво се употребува, дали некој ги образува земјоделците и конечно дали ги контролира...

Со цел да остварат поголеми приходи земјоделциите употребуваат разни видови вештачки ѓубрива, хемиски средства за потхранување на родот и пестициди, а при тоа најголем дел не се свесни за штетниците последии од прекумерна употреба. Со едукативни предвања на терен од страна на стручни лица, полека се подига свеста кај фармерите како правилно да ги употребуваат и при тоа да го унапредат производството, велат од Агенцијата за развој на земјоделството.
„Им посочуваме дека најголем дел од ѓубривата кои се фрлаат не испаруваат до крај, остануваат во почвата која го храни родот кој содржи разни токсини. Луѓето ги внесуваат при исхраната при што тие последици доведуваат и до тешки болести“, вели агрономот Живка Наумова од Агенција за развој на земојделието –Куманово.
И земјоделците апелираат да се води сметка каков вид пестицид се употребува и каков е нивниот состав.
„Важно е пестиците кои се употребуваат да се испитани одобрени од институциите и нормално да се употребуваат во разумни колични... Често ние земјоделците не го запазуваме рокот на употреба на одредена хемикалија кој сме ја набавиле во претходните сезони. Важно е да се запази и тој рок, затоа што по истекот тој е штетен и за растението, но и за човекот“, велат земоједелците од кумановскиот регион.
Во делот на безбедна употреба на заштитни средства од штетното влијание од користење на пестицидите и вештачките ѓубрива вршеше тим од Центарот за јавно здравје.
Во наредниот период ќе се реализираат и едукативни кампањи и предавања на темите Превенција од хронични незаразни болести и Здрава исхрана.
Габриела Димковиќ
