Изложба

Поставени дела од „30-тата Лесновска ликовна колонија“ во Берово

27.04.2023 18:18

Во Берово, во организација на домот на културата „Димитар Беровски“ е отворена ликовната изложба на дела од 30-тата Лесновска ликовна колонија. На изложбата се претставени дела со мотиви од природните убавини на лесновскиот крај и околината на Лесновскиот Манастир...

Во Берово, во организација на домот на културата „Димитар Беровски“ е отворена ликовната изложба на дела од 30-тата Лесновска ликовна колонија. На изложбата се претставени дела со мотиви од природните убавини на лесновскиот крај и околината на Лесновскиот Манастир, портрети, апстрактни композиции и дела инспирирани од традиционалната македонска архитектура и духовност. Делата се на ликовни уметници од Македонија, Србија и Бугарија.

Изложбата ја отвори Звонко Скендерски, а ќе трае до трети мај.