Временска прогноза

Наутро студено, преку денот сончево

28.04.2023 08:11

Максималната температура ќе достигне до 22 степени...

Наутро времето ќе биде со ниски температури за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.

Во Скопје наутро свежо, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 20 степени.