Македонија
Амбасадорот Гир во посета на Општина Ново Село
28.04.2023 09:02
Целта на посетите е да се презентираат новите чекори во процесот на пристапните преговори со ЕУ и нивното влијание врз секојдневието на граѓаните...

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети Општина Ново Село.
Ова е шеста од серијата општински посети. Целта на посетите е да се презентираат новите чекори во процесот на пристапните преговори со ЕУ и нивното влијание врз секојдневието на граѓаните.
За време на престојот во Ново Село, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов, со членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации.
