Маричиќ во Брисел, започнува билатералниот скрининг за Поглавје 25
Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ ја предводи македонската делегација која е на половина од скрининг процесот за третиот кластер „Конкурентност и инклузивен раст“...

Во Брисел почнува скрининг состанокот за Поглавје 25, „Наука и истражување“ од третиот кластер поглавја. Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ ја предводи македонската делегација која е на половина од скрининг процесот за третиот кластер „Конкурентност и инклузивен раст“.
Објаснувачкиот и билатералниот скрининг е комплетно завршен за два кластери поглавја, „Основни вредности“ и за „Внатрешен пазар“. Македонскиот преговарачки тим ќе има координативен состанок со директорката на генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување, Михела Матуела, и со Сајмон Мордју, советникот за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.
