Партии

СДСМ: Чиј монопол штити ВМРО-ДПМНЕ со хајката против коридорите?

28.04.2023 09:35

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на провизии и промашени прокети за автопати, денес е против најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра од кои 51 отсто ќе завршат во домашните компании, соопштуваат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски водат хајка против изградбата на коридорот 8 и коридорот 10Д, водат хајка против реномирана американска компанија како што е Бехтел. ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на провизии и промашени прокети за автопати, денес е против најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра од кои 51 отсто ќе завршат во домашните компании, соопштуваат од СДСМ.

Од партијата велат- 30 години државата ја чека изградбата на Коридорот 8 и е зависна од солунско пристаниште. Прашуваат- чиј монопол штити ВМРО-ДПМНЕ со противењето на изградбата на коридорите? Дали е тоа една фирма којашто единствено има претставништво во солунско пристаниште?

Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против нашите компании да можат да се снабдуваат од пристаништата во Бургас и Драч, стои во соопштението на СДСМ.