МВР

Претрес во Велешта, приведен дилер

28.04.2023 09:42

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана...

Полициски службеници од Полициската станица Струга вчера го лишиле од слобода Б.В.(20) од с.Велешта, струшко.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.