Украина

Ракетен напад на Киев, нападнат по 51 ден

28.04.2023 09:55

Најмалку шест луѓе загинаа во денешниот руски ракетен напад на Украина, во кој првпат по 51 ден беше нападнат и Киев...

Најмалку шест луѓе загинаа во денешниот руски ракетен напад на Украина, во кој првпат по 51 ден беше нападнат и Киев.

Четири цивили загинале откако била погодена деветокатница во градот Уман. 17 биле повредени. Експлозии се регистрирани и во Кременчук. Миколаив и Полтава, а од 23 проектили испукани кон Киев, 21 бил соборен.

Нападот следува додека украинските сили се подготвуваат за пролетна противофанзива со помош на добиените нови модерни оружја од Западот.