САД

Бела куќа: Американците да го напуштат Судан

28.04.2023 09:58

Ситуацијата во Судан може да се влоши во секој момент и Американците треба да ја напуштат земјата во следните 24 до 48 часа, изјави портпаролката на Белата куќа...

Ситуацијата во Судан може да се влоши во секој момент и Американците треба да ја напуштат земјата во следните 24 до 48 часа, изјави портпаролката на Белата куќа.

Рече дека САД работат на создавањето повеќе опции за американските граѓани да го напуштат Судан. Изјавата доаѓа непосредно откако паравоените сили се согласија да го продолжат примирјето за уште 72 часа.

Во конфликтот во кој се убиени стотици лица, се заканува да го дестабилизира поширокиот регион.