Индонезија

Траект се преврте во Индонезија, најмалку 11 мртви

28.04.2023 10:00

Најмалку 11 лица загинаа, а едно се води како исчезнато откако се превртел траект во близина на индонезискиот остров Суматра...

Најмалку 11 лица загинаа, а едно се води како исчезнато откако се превртел траект во близина на индонезискиот остров Суматра.

Бродот превезувал 74 луѓе до мал остров во близина на Сингапур и се сомнева дека удрил во балван околу 30 минути откако испловил.

Во тек е потрага по едно лице кое се уште се води како исчезнато.