Македонија

Се одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

28.04.2023 10:11

Денеска се одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. Годишниот извештај на Македонското здружение за заштита при работа, потврдува дека се гине на работните места во земјава...

Денеска се одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. Годишниот извештај на Македонското здружение за заштита при работа, потврдува дека се гине на работните места во земјава.

Според информациите во електронските и печатените медиуми, лани имало вкупно 169 несреќи при работа. Сепак, од Здружението тврдат дека бројката не го отсликува вистинскиот број на потешки несреќи на работното место, кој во просек, според податоците на Институтот за јавно здравје до 2020-та година е некаде околу 1.500 потешко повредени, на годишно ниво. 22 потешки несреќи на работното место биле со фатални последици.

Според податоците за 2022-ра година, стапката на смртни случаи при работа во Македонија е 3,17. Од Македонското здружение за заштита при работа, велат дека иако побарале, не добиле ниту еден податок за несреќи при работа од надлежните институции.