Македонец убиен од 14 годишно дете во Бугарија
Во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата било пронајдено во шумски предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег, Запад, велат од бугарската полиција.

Македонски државјанин е убиен во Сончев Брег, јавуваат бугарските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата. Мажот бил избоден со колец.
Во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата било пронајдено во шумски предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег, Запад, велат од бугарската полиција.
По увидот на полицијата, било утврдено дека станува збор за 49-годишен македонски државјанин, а убиецот е 14-годишно дете од Несебар.
Убиецот е во притвор, причините се истражуваат.
