РЕГИОН

МНР: Познат е идентитетот на убиениот Македонец во Бугарија, амбасадата е во комуникација со надлежните органи

28.04.2023 12:23

Министерството за надворешни работи се огласи откако во јавноста беше објавено дека македонски државјанин е убиен во Бугарија...

Според првични информации кои Амбасадата на Република Северна Македонија во Република Бугарија ги доби од надлежните институции на Република Бугарија, во текот на вчерашниот ден во Бугарија е пронајдено безживотно тело на И.Н. (49 години), државјанин на Република Северна Македонија, соопштуваат од Министереството за надворешни работи.

Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста.

Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби- стои во соопштението.