Мицкоски: Случувањата во Судскиот совет се срам, девалвирање и вандализам на отворена сцена
Ова дури и на држави со апсолутистички режим како Северна Кореја не им е пракса- рече Мицкоски...

При денешната посета на општина Аеродром, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на случувањата во Судскиот совет истакна дека тоа е вандализам, девалвирање, багабонтство на отворена сцена и процес што ја срами Македонија и што нанесува трајни штети и последици.
„Гледате таму партиски кланови се борат за превласт, кој да биде претседател, па кој да биде после избран за судија, таков еден срам, такво едно девалвирање, таков вандализам и багабонтство на отворена сцена Македонија не познава. Ова дури и на држави со апсолутистички режим како Северна Кореја не им е пракса“, нагласи Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повторно побара избори, бидејќи како што рече, вакви сцени ќе гледаме сѐ повеќе и повеќе.
