Мицкоски: Исплатени се 120 милиони евра на „Бехтел и Енка“
Опозицијата тврди дека пред два дена од трезорот се префрлени 120 милиони евра на сметката на „Бехтел и Енка“, плаќање пенали. Власта со став- парите се авансна исплата за старт на проектните и градежни работи.

Опозицијата тврди дека пред два дена од трезорот се префрлени 120 милиони евра на сметката на „Бехтел и Енка“, плаќање пенали.
„Имам сигурни информации, а еве ги повикувам медиумите да ги проверат, дека пред два дена од трезор се префрлени пари преку Министерството за транспорт и врски на ЈПДП, на Јавното претпријатие „Државни патишта“ околу 7 милијарди и 250 милиони денари, тоа е околку 120 милиони евра. Отприлика толку се и тие пари претпоставувам треба да се веќе легнати на сметка на компанијата изведувач на овие делови од коридор 8, односно 10Д“, посочи Мицкоски.
Власта со став- парите се авансна исплата за старт на проектните и градежни работи.
„Согласно потпишаниот договор, врз основа на тој закон, Министерството за танспорт и врски е задолжено да ги започне сите процедури и ангажирање на сите потребни ресурси за започнување на работите и секако за финансиските трансакции согласно договорот“, изјави денеска премиерот Ковачевски, нагласувајќи дека не постојат никакви пенали и дека тоа се лаги на опозицијата.
Пратениците според Устав треба да го видат договорот за коридорите, криењето е најсилна индикација за корупција, реагираат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
