Коридори

Мицкоски тврди- исплатени се 120 милиони евра на „Бехтел и Енка“, Ковачевски вели работиме согласно договорот

28.04.2023 13:46

Од трезор се исплатени 120 милиони евра на „Бехтел и Енка“ преку претпријатието за државни патишта. Опозицијата тврди, тоа се пари за пенали, власта со став-авансна исплата за да почнат проектните и градежните работи на коридорите 8 и 10Д…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека од финансии на Јавното претпријатие за државни патишта префрлени се 120 милиони евра. Власта го потврди кажаното. Дали тие 120 се дел од 300 милиони евра кои државата во форма на пенали треба да ги плати на „Бехтел и Енка“ поради ненавремено преземени обврски како што е зголемување на работното време од 40 на 60 часови, прашува опозицијата.

Парите се за отпочнување на работите, вели премиерот Ковачевски. Останува на тврдењето дека нема ништо спорно во договорот и дека опозицијата само шири, како што рече, лаги.

Првиот човек на државни патишта, Ејуп Рустеми појаснува дека 120-те милиони евра се согласно договорот, авансно за отпочнување на работите.

И додека опозицијата обелоденува делови од договорот за изградба на коридорите 8 и 10Д и вели дека не се против изградба, но не на криминален начин, власта вели дека во договорот нема спорни елементи.

Миле Ристески