Здружението на судии со внимание ги следи случувањата во Судскиот совет, очекува соодветно решение
Како што соопштуваат од Здружението, по согледување на сите релевантни информации и факти, Здружението на судии ќе се произнесе за состојбите во Судскиот совет и севкупното функционирање на судскиот систем.

Здружението на судиите со особено внимание ги следи последните случувањата во Судскиот совет на Република Северна Македонија, со надеж дека членовите на овој орган ќе ги користат сите човечки капацитети за изнаоѓање на соодветно решение, во насока на натамошно непречено фукционирање и остварување на уставната надлежност на овој орган.
Како што соопштуваат од Здружението, по согледување на сите релевантни информации и факти, Здружението на судии ќе се произнесе за состојбите во Судскиот совет и севкупното функционирање на судскиот систем.
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева беше разрешена во средата на предлог на заменикот Селим Адеми. Според невладините организации и експертите, разрешувањето на Дамева е незаконско и спротивно на процедурите и Деловникот.
