Прилеп: Недостоинствен статус на медицинските сестри
Недостоинствен е статусот на медицинските сестри во државава и се соочуваме со најголемиот одлив на медицински персонал. Недостасуваат 50 насто од персоналот и оние што работат се преоптоварени. Ова беше нагласено на денешниот прв симпозиум на медицинските сестри-инструментарки во Прилеп...

Недостоинствен е статусот на медицинските сестри во државава и час поскоро треба законски да се регулира. Ако се додаде и огромниот одлив на медицинскиот персонал, а недостасува 50 насто од кадарот, ситуацијата станува алармантна, посочуваат од Здружението на медицинските сестри на Македонија од денешниот прв симпозиум на инструментарките во пресрет на неделата на сестринството.
Незавидната состојба и потребата од реакција ги потврдуваат и медицинските сестри. Болниците се со хроничен недостиг на кадар и се снаоѓаат со максимални напори.
На денешниот прв симпозиум на инструментарките беше нагласена важноста на обуките за усовршување на кадарот.
Елизабета Митреска
