Пратениците со безбедносен сертификат да го видат договорот за коридорите, а не да им биде прераскажуван
Пратениците, според Устав треба да го видат договорот за коридорите, криењето е најсилна индикација за корупција, реагираат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ…

ВМРО-ДПМНЕ бара секој пратеник што има безбедносен сертификат да го добие договорот со „Бехтел и Енка“, а не како што рече спикерот Џафери, дека на некоја од комисиите претставници на Владата ќе го презентираат.
Повикувајќи се на Уставот, Милошоски додаде дека само на тој начин ќе може да се утврди дали има или не штетни клаузули. Ковачевски и Груби можат да кријат договори на нивните приватни фирми, но секој којшто потпишува договор каде што обврските ги презема буџетот и државата, има обврска кон граѓаните јавно да го презентира, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова прашање е во надлежност на претседателот на Собранието, којшто треба да определи во која комисија и под какви процедури ќе можат пратениците да го разгледуваат договорот со „Бехтел и Енка“, велат од СДСМ. Од партијата упатија прашање до ВМРО-ДПМНЕ, чиј монопол штитат со хајката против изградбата на коридорите?
Сè уште нема одговор кога и во која собраниска комисија би се одвивала расправата. Едно е извесно, таа ќе биде затворена за јавноста.
Игор Панов
