Африканската свинска чума е исчистена од фармите во земјава, велат од АХВ
Во фармите нема повеќе африканска свинска чума. Сточарите повторно ќе можат да ги вселат свињите во сите региони и општини. За да се вселат животните во одгледувалиштата контролата ќе ја прават ветеринарите...

Во фармите нема повеќе африканска свинска чума. Сточарите повторно ќе можат да ги вселат свињите во сите региони и општини-објавија надлежните. Велат за да се елиминира можноста за повторно ширење на болеста има протоколи за набавка на новите грла, а контролата ќе ја вршат ветеринари. Меѓу другото, треба да имаат сертификат за здравствената состојба.
„Мора да бидеме внимателни бидејќи се работи за доста отпорен вирус и ако не ги почитуваме правилата можно е повторно подолго од една година да се бориме со африканската свинска чума, која може да предизвика огромни штети“, изјави Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од појавата на африканската чума во август минатата година уништени се повеќе од 4.200 свињи. Надлежните тврдат, најголем дел од сточарите се обесштетени. Во Европа сè уште има жаришта и опасност од ширење. Болеста не е штетна по здравјето на луѓето, но може да направи значителни штети кај домашните животни.
Андријана Ѓурческа
