Фудбал

Хоџсон денеска се изјаснува

12.05.2014 11:26

Дефинитивно во Бразил нема да патуваат дефанзивецот на Челзи Ешли Кол, Тео Волкот од Арсенал и Андрос Таунзент од Тотенхем...

Рој Хоџсон денеска ќе ги соопшти имињата на играчите, кои што во Бразил ќе ја бранат  честа на  Гордиот Албион.Англискиот селектор е  соочен со повреди на фудбалери и со дилеми околу изборот на поединци за  одредени позиции во тимот. Дефинитивно во  Бразил нема да патуваат дефанзивецот на Челзи Ешли Кол, Тео Волкот од Арсенал и Андрос Таунзент од Тотенхем. Се очекува со сигурност на списокот на 23-та да бидат:

Голман: Харт( М.Сити)

Дефанзивци: Бејнс(Евертон), Кахил (Челзи), Јагелка(Евертон), Џонсон(Ливерпул), Џонс (М.Јунајтед), Шоу(Саутемптон), Смолинг (М.Јунајтед)

Среден ред: Џерард(Ливерпул), Чејмберс(Арсенал), Хендерсон(Ливерпул), Лалана(Саутемптон), Стерлинг(Ливерпул).

Напад: Руни(М.Јунајтед) ,Стариџ(Ливерпул),Велбек(М.Јунајтед)

Во завршните подготовки на Англија планирани се три контролни натпревари: на 30 јуни на Вембли против Перу, а  два ќе одиграат во Мајами(САД) на 4 јуни со Хондурас и три дена подоцна против Еквадор.

На Светското првенство Англија е во групата  со Италија,Уругвај и Костарика.