САД повика Американците да го напуштат Картум
Белата куќа ги повика Американците да го напуштат Судан во следните 24 до 48 часа. Според Вашингтон, ситуацијата може да се влоши во секој момент. Властите се загрижени поради зачестените прекршувања на примирјето...

Белата куќа ги повика Американците да го напуштат Судан во следните 24 до 48 часа. Според Вашингтон, ситуацијата може да се влоши во секој момент. Властите се загрижени поради зачестените прекршувања на примирјето.
„Соработуваме со Стејт департментот за да го идентификуваме бројот на Американци кои сакаат да го напуштат Судан. Сега тие бројки се релативно мали, но тоа може брзо да се промени“ ,Бриг. Генерал Пет Рајдер-портпарол на Пентагон
Силни експлозии и пукотници потресоа делови од Картум и околината, и покрај продолжувањето на примирјето меѓу двете фракции чија борба за моќ уби стотици луѓе.
