САД

Мајк Пенс сведочеше за изборите во 2020

28.04.2023 15:54

Поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс сведочеше во рамки на истрагата за влијание на изборните резултати од страна на Доналд Трамп во 2020, но и дали поранешниот американски претседател имал удел во поттикнувањето насилство во Капитол на 6 јануари кога беа убиени пет лица...

Зад затворени врати, поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс сведочеше во рамки на истрагата за влијание на изборните резултати од страна на Доналд Трамп во 2020, но и дали поранешниот американски претседател имал удел во поттикнувањето насилство во Капитол на 6 јануари кога беа убиени пет лица.

Претходно, тимот на Трамп побара од Федералниот суд да го блокира сведочењето на Пенс, повикувајќи се на извршната привилегија што е право на претседателот на САД да ги чува во тајност чувствителните комуникации и другите претседателски документи.