Лондон

Шефот на „BBC“ поднесе оставка

28.04.2023 16:02

Директорот на„ BBC“ поднесе оставка, откако беше откриен потенцијален конфликт на интереси и неговата улога во договарањето заем од 800 илјади фунти за Борис Џонсон пред повеќе од две години...

Директорот на„ BBC“ поднесе оставка, откако беше откриен потенцијален конфликт на интереси и неговата улога во договарањето заем од 800 илјади фунти за Борис Џонсон пред повеќе од две години. Истрагата откри и дека Џонсон лично го одобрил назначувањето на Шарп за директор на британскиот радиодифузер, а бил претставен како единствениот кандидат кого Владата ќе го поддржи.

„Правилно е да се даде приоритет на интересот на „BBc“. Сметам дека ова прашање може да го одвлече вниманието од добрата работа на корпорацијата доколку останам на функцијата до крајот на мојот мандат“, Ричард Шарп-директорот на „ББС“.

Оставката на Шарп доаѓа во време кога „BBC“, се соочува со критики дека е премногу близок со конзервативната Влада.