Меѓународен ден на џез
Денот на џезот ќе се одбележи со целодневен хепенинг
28.04.2023 17:17
На 30 април во 13 часот ќе започне одбележувањето на седмото издание на фестивалот „Денес се е џез“, во паркот Ибни Пајко. Хепенингот ќе биде целодневен, во чест на Меѓународниот ден на џезот, во организација на Здружението на џез музичари и слободни уметници.

В недела, на 30 април во 13 часот ќе започне одбележувањето на седмото издание на фестивалот „Денес се е џез“, во паркот Ибни Пајко. Хепенингот ќе биде целодневен, во чест на Меѓународниот ден на џезот, во организација на Здружението на џез музичари и слободни уметници.
Програмата ќе започне со креативна работилница за деца од 4 до 11 години, што ќе ја води пијанистот и композитор Гордан Спасовски. Потоа следува настап на младински џез состав и други џез уметници.
