Чашка- прва станица на ЕУ информативниот автобус

12.05.2014 11:35

Евроамбасадорот Аиво Орав потенцира дека ЕУ-информативниот автобус е дел од активностите за одбележување на 9 Мај - Денот на Европа и се одржува трета година по ред...

Како дел од информативната кампања „ЕУ одблизу“, првата општина што денеска ќе ја посети информативниот автобус на ЕУ е општината Чашка. До 23 мај патувачкиот ЕУ автобус ќе посети уште девет села низ целата земја. 

Евроамбасадорот Аиво Орав потенцира дека ЕУ-информативниот автобус е дел од активностите за одбележување на 9 Мај - Денот на Европа и се одржува трета година по ред, бидејќи се покажа како многу успешен проект за доближување на ЕУ до локалното население.

За време на овие патувања ќе имаме многу средби со локалните власти, со наслението, со децата, со студентите, со учениците и тоа ќе биде можност тие да се запознаат со ЕУ, како таа функционира, кои се нејзините вредности, исто така и за финансиската помош, која што ја нуди ЕУ. Со нас ќе патуваат и амбасадори од земјите членки на ЕУ, кои покрај тоа што ќе зборуваат за ЕУ патувањето дава можност и да се запознаеме подобро со вашата земја, рече амбасадорот Орав.

Според вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, ЕУ-патувачкиот автобус е одлична можност локалното населние непосредно да се запознае дека ЕУ значи менување на закони, нов начин на живеење.