Ракомет
Македонија ја победи Хрватска
28.04.2023 20:49
Машката кадетска репрезентација на Македонија на вториот контролен натпревар против Хрватска триумфираше со 31:27...

Машката кадетска репрезентација на Македонија на вториот контролен натпревар против Хрватска триумфираше со 31:27. Кадетите со серија од 6-1 поведоа со 21-16 во 39 минута.
Домашниот тим намали на 19-22 во 44 минута од средбата, по што следеше нов налет на „црвено-жолтите“ за 24-19 во 48 минута. До крајот на натпреварот македонските кадети ја одржуваа разликата.
