Македонија

Во Босилово се гради трим-патека покрај река Струмица

29.04.2023 09:54

Во општинскиот центар Босилово преку Центарот за развој на Југоистокот се гради спортско-рекреативна патека долж река Струмица. Станува збор за дел од проектот „Туризмот иднина на регионот“ кој се очекува да помогне и за поголема посетеност на Моноспитовското блато, кое претставува уникатна природна реткост. Целиот проект чини околу 4,7 милиони денари…

Општинскиот центар Босилово до крајот на летото ќе добие спортско рекреативна трим-патека вдолж реката Струмица, во должина од околу еден километар на која ќе биде поставена и урбана опрема. Станува збор за проект што го реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој при крајот на минатата година распиша тендер, а деновиве почна изведбата. Градоначалникот очекува збогатување на туристичката понуда на Босилово.

Изградбата на спортско-рекреативната патека ќе чини 4,7 милиони денари. Патеката се наоѓа и во непосредна близина на Моноспитовското блато и ќе придонесе за поголем број посетители на оваа природна реткост.

На трим патеката да бидат поставени 15 бетонски канти со внатрешен опшиен лим за отпадоци и 15 дрвени клупи за одмор и релаксација, a ќе има и паркинг од околу 565 метри квадратни.

Ване Трајков