Свет
Иран: Пресретнат танкер со американска нафта
29.04.2023 10:05
Заробувањето на бродот претставува најнова заплена на танкер од страна на Иран и доаѓа во време на растечки тензии со САД поради нуклеарната програма на Техеран.

Иранската државна телевизија објави снимка од акција на морнаричките командоси кои во Оманскиот залив пресретнале танкер кој превезувал нафта за САД.
Заробувањето на бродот претставува најнова заплена на танкер од страна на Иран и доаѓа во време на растечки тензии со САД поради нуклеарната програма на Техеран.
Иранските власти тврдат дека танкерот е запленет откако се судрил со ирански брод.
