Инфраструктура

Ова лето Струга со нови патишта и улици ќе чека туристи

29.04.2023 10:37

Заврши изградбата на патниот правец Подмолје-Струга, а до крајот на овој месец ќе заврши рехабилитацијата на магистралата кон Ќафасан до селото Мали Влај…

Струга со нови патишта ќе ги чека туристите ова лето. Заврши изградбата на патниот правец Подмолје-Струга. До крајот на мај ќе заврши рехабилитација на магистралата кон Ќафасан до селото Мали Влај. Се подобрува и сообраќајната инфраструктура во градот и руралните средини. Градоначалникот Мерко вели оваа сезона нема да има метеж во сообраќајот и ќе се обезбедат дополнителни паркинг места.

„Пат што го поврзува Борис Кидрич со Мороишта со Свети Спас се работи го отпочнавме пред три недели. Ќе биде меѓу подобрите патишта во руралните средини, со тоа што во лето ни го растоварува метежот“, вели градоначалникот на Струга, Рамис Мерко.

До средината на јуни и кејот на реката Црн Дрим ќе добие нов лик, ќе се поплочува со природен мозаичен камен.

„На 15-ти и 16-тијуни ќе се одржи самитот на Преспа, каде што ќе доаѓаат стотина амбасадори, претседатели на држави, премиери. Сакаме да го уредиме десниот дел на кејот, шеталиштето“, вели Мерко.

Пред почетокот на сезоната ќе заврши и уредувањето на населбата „Езерски лозја“, каде привршува изградбата на новата пешачка патека со зеленило и паркови.

Соња Рилковска