Сирија

Израел истрела проектили на градот Хомс

29.04.2023 10:43

Според сириската опсерваторија за човекови права израелските проектили уништиле магацин за муниција на воен аеродром, што му припаѓало на Хезболах. Нема информации за жртви.

Тројца цивили се повредени во израелски ракетен напад во близина на Хомс, централна Сирија.  Според сириската опсерваторија за човекови права израелските проектили уништиле магацин за муниција на воен аеродром, што му припаѓало на Хезболах. Нема информации за жртви.

Од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година, израел изврши стотици воздушни напади, главно насочени кон силите поддржани од Иран и Хезболах.