Зголемен бројот на деца кои имаат проблеми со говорот
Бројот на деца кои имаат проблеми во говорот се зголемува, една од причините е затвореноста дома во време на ковид изолацијата. Стручните лица препорачуваат децата да не се посветуваат на мобилните, компјутерите …

Последните години бројките и искуството на стручните лица покажуваат дека бројот на децата кои имаат проблеми во говорот се зголемува. Тоа се однесува во делот на комуникацијата, во јазично изразување, доцно прозборување. Овие проблеми се многу повеќе регистрирани и во поголем број, а со тоа обемот на работа на логопедите е зголемен.
Според согледувањата и искуството, причината за зголемениот број на деца со говорни проблеми е во корона пандемијата и затвореност на децата дома, како и посветеноста и зависноста кон електронски апарати.
На овој нов проблем кај децата влијае и брзото темпо на живот, немањето време на родителите да се посветат на своите деца, да го следат нивниот развој да комуницираат со нив.
Петар Печков
