МВР

Приведени дилери во Ресен, пронајдена дрога

29.04.2023 11:59

Додека бил вршен преглед на патничко моторно возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки управувано од И.Т., а во кое сопатник бил Д.Ч., во еден момент Д.Ч. се обидел да избега и фрлил кеса со бела материја, но бил фатен од полициските службеници...

Вчера во Ресен на ул„Јосиф Јосифовски“ полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен ги лишиле од слобода  И.Т.(30) и Д.Ч.(36), двајцата од Битола.

Додека бил вршен преглед на патничко моторно возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки управувано од  И.Т.,  а во кое сопатник  бил Д.Ч., во еден момент Д.Ч. се обидел да избега и фрлил кеса со бела материја, но бил фатен од полициските службеници, по што дополнително кај него биле пронајдени две кесички со бела и кафеава материја.

По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.