Македонија

КСОМ: Синдикатите да се обединат, статусот на работникот никогаш не бил полош

29.04.2023 14:10

Синдикатите мора да се обединат, оти статусот на работникот никогаш не бил полош, велат од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија. За разлика од КСС и ССМ, кои одлучија на први мај да прават паралелни протести, од конфедерацијата велат дека ќе присуствува и кај едните и кај другите…

„Обединети сме посилни“- ова е мотото под кое Конфедерацијата на синдикални организации ќе протестира на први мај. Ќе направат обид да ги вразумат ССМ и КСС кои објавија дека на денот на работниците ќе протестираат паралелно и затоа КСОМ ќе се приклучи и во двата штрајка.

Според нив, кога работникот мака мачи за да се прехрани, не е време да се покажува сила меѓу синдикатите.

На први мај, КСС ќе протестира од 10 до 12 часот. ССМ штрајкот го закажа од 12 до 14 часот. Иако крајно загрижени за поделеноста, КСОМ низ смеа вели дека тие сепак ќе штрајкуваат најдолго – од 10 до 14 часот.

Катерина Топалова