Македонија

На измени на Изборниот законик ќе се работи на помалку од една година пред избори

29.04.2023 14:29

Ќе се почитуваат забелешките на ОБСЕ/ОДИХР за измените на Изборниот законик. Во интервју за МИА, Новаковски укажува на кусото време за новата изборна регулатива бидејќи претседателските и парламентарните избори треба да се одржа во првата половина на наредната година. ВМРО-ДПМНЕ засега не назначил претставник. На трети мај е закажана основачка седница на работната група за измените на Изборниот законик …

Веднаш по првомајските празници, треба да се формира работна група во Министерството за правда за спроведување на препораките од ОДИХР во новиот Изборен законик. Измените мора да минат во Собранието најдоцна шест месеци пред наредните избори.

Првиот човек на работната група Новаковски во интервју за МИА, посочи дека во неколку изборни циклуси, ОБСЕ укажува дека се нарушени копенхашките критериуми поради нееднаквоста на бројот на избирачи во сегашните шест изборни единици.

ВМРО-ДПМНЕ засега нема свој претставник во работната група, но лидерот на партијата Мицкоски поддржува една изборна единица на целата територија на државата, со што глас на секој избирач би бил еднакво вреднуван.

Од СДСМ наведуваат дека имаат принципиелни ставови за спроведување на препораките на ОДИХР. ВМРО-ДПМНЕ, според Новаковски ќе ги поддржи забелешките на ОБСЕ, но сè уште чека на одговорот на СДСМ за една изборна единица.

Ирина Гелевска