МВР
Приведен крадец во Скопје
29.04.2023 17:55
А.Б. на 25.04.2023 во близина на зградата на МРТВ во Скопје одзел пари од Ф.С. (60)...

Денеска околу 02 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција од слобода е лишен А.Б. (33) од Скопје поради основи на сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.
А.Б. на 25.04.2023 во близина на зградата на МРТВ во Скопје одзел пари од Ф.С. (60). Денеска, во присуство на дежурен јавен обвинител, извршено е препознавање, каде оштетениот со сигурност го посочил А.Б. како сторител на делото. По документирање на случајот, од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе биде поднесена кривична пријава, соопштуваат од МВР.
