Командантот на „Вагнер“ се закани дека ќе се повлече од Бахмут
Евгениј Пригожин рече дека секој ден илјадници тела во ковчези се испраќаат дома. Пригожин истакна дека веројатно ќе мора да повлече дел од своите војници, но дека тоа значи дека фронтот некаде ќе падне.

Командантот на руската платеничка група „Вагнер“ се закани дека ќе се повлече од Бахмут, украинскиот град кој русите со месеци го напаѓаат, откако беспилотно летало запали резервоари со нафта на Крим.
Евгениј Пригожин рече дека секој ден илјадници тела во ковчези се испраќаат дома. Пригожин истакна дека веројатно ќе мора да повлече дел од своите војници, но дека тоа значи дека фронтот некаде ќе падне.
Борбите за Бахмут траат со месеци, со големи човечки загуби од двете страни. Во меѓувреме, две лица загинаа во украинското гранатирање на селото Суземка во областа Брјанск, на западот на Русија.
