Свет
САД: Кина да прекине со „опасните активности“
30.04.2023 10:11
САД потсети дека како дел од договорот за заемна одбрана од 1951 година, ќе ги бранат Филипините во случај на вооружен напад во Пацификот...

САД ја повикаа Кина да прекине со „провокативната и опасна“ акција во водите на Јужното кинеско море, откако неодамна беше избегнат судир меѓу брод на кинеската крајбрежна стража и филипински брод.
САД потсети дека како дел од договорот за заемна одбрана од 1951 година, ќе ги бранат Филипините во случај на вооружен напад во Пацификот, каде што се наоѓа Јужното кинеско море.
