Свет
Во Турција проработе нуклеарната централа Акују
30.04.2023 10:29
На церемонијата присуствуваа претседателот Ердоган и неговиот руски колега Путин преку видео-конференција.

Турција се здоби со статус на земја која може да се пофали со нуклеарна енергија. Нејзината прва нуклеарна централа Акују ја доби почетната серија нуклеарно гориво.
На церемонијата присуствуваа претседателот Ердоган и неговиот руски колега Путин преку видео-конференција. Тој рече дека Русија ќе продолжи да помага во задоволувањето на енергетските потреби на Турција.
