Вчера бидна Мадрид, денеска го гледаме Рим
Веќе Мадридскиот тениски мастерс е минато иако заврши синојка. На програмата од денеска нова 1000-ка. Рим е 5-тата станица и повторно на црвеница...

Самиот податок за подлогата на која ќе се игра, го исфла Рафаел Надал како фаворит, но по Монте Карло и Мадрид не изгледа за така доминантен. Згора на се, на терен се враќаат и Ѓоковиќ и Федерер кои ги немаше во шпанската метропола. На патот до одбрана на тронот и во Рим, трофејот Надал го има освојувано 7 пати безмалку во низ. Од 2005-тата до лани со исклучок на годините 2008-ма и 2011-та, слави Ѓоковиќ, но нема шанси да се сретнат овие двајца до финалето.
Дотаму на Рафа до ¼ финалето треба да му биде лесно, првата сериозна пречка меѓу 8-те ја има во името на Енди Мареј, кој пак за ќе треба да го мине за меч со шпанецот 9-тиот во Рим, Иснер.
Вавринка третиот турнирски рекет во својот дел го има Бердих шестиот, како можен противник во ¼ финалето. Кои од овие двајца ќе обезбеди ½ финале, можно вкрстување на рекетите ќе има со Надал.
Половината каде е 4-то рангираниот во Рим, Федерер на трасата до ½ финалето и таму можен противник светскиот и турнирски број два, Ѓоковиќ ќе ја бара преку 8-миот Раониќ и секогаш незгодниот Цонга. Новак пак до 4-ката има обврска да слави против одличниот на црвента прашина 5-тиот рекет Ферер.
Свиоте воведни противници во второто коло веќе ги добија, Ѓоковиќ, Федерер и Ферер. Новак-Степанек, Роже-Шарди, Давид-Кукушкин.
Повторно местото за тениско мастерс уживање е МРТ собранискиот сервис.