Македонија

Пешачка зона помеѓу двата плоштади во Куманово

30.04.2023 10:33

Во Куманово ќе започне да се реализира проектот за воведување пешачка зона. Ќе се работи во три фази, а проектот ќе почне со реконструкција на малиот и спојување со големиот плоштад. Ќе се затвори и дел од главната улица. Целта е по примерот на европските градови, да се растовари сообраќајниот метеж.

Пешачка зона во централното подрачје во Куманово. Големиот и малиот плоштад ќе се спојат, а дел од улицата ќе биде затворена за сообраќај. Предвидена е целосна замена на урбаната опрема, акцент ќе се стави и на осветлување на спомениците. Проектот ќе се реализира во фази, а целта ќе биде, по примерот на европските градови, да се растовари сообраќајниот метеж во централното подрачје.

„Проектот е добиен во Општина Куманово, мислам дека во текот на следната недела ќе се аплицира во системот за издавање на дозвола. До крајот на мај ќе ја издадеме и ќе распишеме јавна набавка за таа услуга“, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Од Секторот за урбанизам информираат дека неопходна е и дозвола од Националниот конзерваторски центар, Управата за заштита на културно наследство, бидејќи малиот плоштад е во контактна зона поради спомениците на културата.

„И сега имаме ние одлука на Совет за достава на роба и за итни интервенции. Со регулирано време на достава во рани утрински и доцни вечерни часови, самата одлука ќе продолжи да се спроведува ништо нема да се случи“, вели Емилија Сларидис Јаневска, раководителка на Сектор за урбанизам.

Според спроведената анкета 75 отсто од кумановци, даваат поддршка за воведување пешачка зона во градот.

Елена Георгиевска