Синдикатите се подготвуваат за протест за Денот на трудот, утре во Скопје посебен режим на сообраќај
Од полицијата информираа дека утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, од 10 до 12.30 часот поради најавените првомајски протести

Синдикатите се подготвуваат за протест за Денот на трудот. Со различни пароли, а исти барања, утре излегуваат во различно време, и на различна локација. Секој од своето седиште ќе оди до Влада. Од Конфедерацијата на синдикални организации ќе им се приклучат и на едните и на другите. Повикуваат на сплотеност, оти како што рекоа, само така ќе успееле да победат.
Од полицијата информираа дека утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, од 10 до 12.30 часот поради најавените првомајски протести. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
