Свет
Се преврте српски автобус со 55 патници во Унгарија
30.04.2023 13:10
Туристичкиот автобус бил на пат кон Будимпешта. Патниците кои не се повредени биле пренесени на привремено сместување.

Автобус со српски регистерски таблички паднал во канал меѓу Кишкунхалаш и Пирт во Унгарија. Во возилото патувале 55 лица, двајца возачи, а меѓу сопатниците имало и две деца. Дванаесет лица се префрлени во болница.
Туристичкиот автобус бил на пат кон Будимпешта. Патниците кои не се повредени биле пренесени на привремено сместување.
Автобусот поминал на технички преглед, бил регистриран пред еден месец и бил целосно исправен.
