Четворица македонски државјани евакуирани од Судан
Евакуацијата на македонските државјани се случила вчера со асистенција на Саудиска Арабија, за што од МНР упатуваат искрена благодарност.

Четворица македонски државјани биле евакуирани од Судан, соопштија од Министерството за надворешни работи.
Евакуацијата на македонските државјани се случила вчера со асистенција на Саудиска Арабија, за што од МНР упатуваат искрена благодарност.
Евакуираните македонски граѓани во моментов се наоѓаат во градот Џеда во Саудиска Арабија. Македонската амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со тамошните власти за нивно враќање во земјава.
Досега од погодениот со воени судири Судан, евакуирани се 4.879 странски државјани од 96 земји, најголем број од Саудиска Арабија, потоа од Европа, САД, а од нашиот регион, освен од земјава, од Грција и Босна и Херцеговина.
