Македонија

Продолжуваат партиските обвинувања за договорот за коридорите

30.04.2023 15:22

Повторно препукувања за договор со „Бхтел и Енка“ за изградбата на коридорите 8 и 10Д. Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук статус напиша дека координаторот за сомнителни тендери Артан Груби освен фабрика за пари, станува и фабрика за лажни вести. Оваа реакција е по објавата на Груби дека во Србија „Бехтел и Енка“ со истиот посебен закон и договор гради автопатишта...

Кој лаже, кој шири лажни вести?! Повторно препукувања за договор со „Бхтел и Енка“ за изградбата на коридорите 8 и 10Д. Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук статус напиша дека координаторот за сомнителни тендери Артан Груби освен фабрика за пари, станува и фабрика за лажни вести. Оваа реакција е по објавата на Груби дека во Србија „Бехтел и Енка“ со истиот посебен закон и договор гради автопатишта. Јаревски напиша дека „Бехтел и Енка“ во Србија учествуваше на тендер со двојно поевтини суми од земјава.

„Бехтел и Енка во Србија се одбрани на тендер, кај нас директно, во четири очи. Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата Бехтел и Енка вреди милијарда и 350 милиони евра“, напиша Јаревски.

Груби по пуштањето во употреба на дел од автопатот во Србија, изграден од истата компанија која ќе гради и кај нас, порача – како и со колку пари ќе се градат коридорите 8 и 10Д, зависи од самите пратеници дали ќе се гради поевтино и побрзо или поскапо и подолго.

„Кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, се потпиша договор со истата компанија за изградба на коридорите 8 и 10Д, неделава Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација“, наведе Груби.

Наташа Гркова-Петрушевска