Македонија

Подготовки за одбележување на загинувањето на Делчев

30.04.2023 15:35

120 годишнината од смртта на Делчев – 4 мај, ќе се одбележува на повеќе локации во Бугарија. Нашинците ќе се поклонат пред спомениците во Благоевград, Ново Делчево близу Сандански и во градот Гоце Делчев, вели за Македонската телевизија Атанас Мазнев од ОМО Илинден – Пирин...

120 годишнината од смртта на Делчев – 4 мај, ќе се одбележува на повеќе локации во Бугарија. Нашинците ќе се поклонат пред спомениците во Благоевград, Ново Делчево близу Сандански и во градот Гоце Делчев, вели за Македонската телевизија Атанас Мазнев од ОМО Илинден – Пирин. Тој додава дека сè уште не е донесена одлука дали членовите на здружението ќе дојдат во Скопје за да го посетат гробот.

Иван Сингартијски од истата организација вели дека на Македонците во Бугарија не им се дозволени никакви активности, освен повремени собири. Но, додава дека јазикот е жив и тој се зборува во домовите, независно дали некој го дозволува или не.

Во соседството, писателот Виктор Шеќеровски кој живее во Србија го цитира Конески и вели – јазикот е нашата татковина. Оценува дека нашето малцинство се помалку се врти кон своите корени. Местото Јабука кое своевремено било населено со 93 насто изјаснети Македонци, денес брои едвај 18 проценти.

Писателот вината делумно ја лоцира во разединетоста на трите политички партии на Македонците и додава дека сме единствено малцинство во Србија кое не е застапено во тамошниот парламент.

Анита Димитријевска Велковска