„Вагнер“ се закани со повлекување од Бахмут
Евгениј Пригожин рече дека секој ден илјадници тела во ковчези се испраќаат дома. Пригожин истакна дека веројатно ќе мора да повлече дел од своите војници, но дека тоа значи дека фронтот некаде ќе падне. Борбите за Бахмут траат со месеци...

Командантот на руската платеничка група „Вагнер“ се закани дека ќе се повлече од Бахмут, украинскиот град кој русите со месеци го напаѓаат, откако беспилотно летало запали резервоари со нафта на Крим.
„Единиците на групата Вагнер напреднаа 100-150 метри, така што непријателот има контрола над 2,98 квадратни километри од територијата на Бахмут. Имаше 94 загинати борци на Вагнер како резултат на гранатирање. Ќе имаше има пет пати помалку ако имавме доволно муниција“, изјави Евгениј Пригожин, командант на групата „Вагнер“.
Евгениј Пригожин рече дека секој ден илјадници тела во ковчези се испраќаат дома. Пригожин истакна дека веројатно ќе мора да повлече дел од своите војници, но дека тоа значи дека фронтот некаде ќе падне. Борбите за Бахмут траат со месеци, со големи човечки загуби од двете страни. Во меѓувреме, две лица загинаа во украинското гранатирање на селото Суземка во областа Брјанск, на западот на Русија.
Украинската војска порача дека Киев сè уште ја контролира клучната рута за снабдување до Бахмут, но дека ситуацијата е тешка. „Патот на животот“ како што го нарекуваат е рута помеѓу Бахмут и блискиот град Часив Јар на запад. Според воените аналитичари, доколку Бахмут падне, Часив Јар најверојатно ќе биде следен на удар од руските војници.
Претседателот Зеленски и порача на Русија по нападот врз Уман дека сите терористи и убијци мора да бидат казнети. Им се заблагодари на службите за итни случаи и им посака брзо закрепнување на повредените.
„Посакувам брзо закрепнување на сите што беа повредени во нападот. Ќе направиме се што е можно терористичката држава да одговори што е можно поскоро за тоа што го направи. Секој што подготвува вакви ракетни напади не може, а да не знае дека ќе биде соучесник во убиството. Не само тие што даваат наредби, туку сите вие, сите сте терористи и убијци и сите мора да бидете казнети“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски потвдри дека има пиштол и дека би се борел до смрт доколку русите упаднеле во неговиот штаб во Киев на почетокот на инвазијата.
Марина Ристова
