Работничките права се кршат со ненавремена исплата на платите
Кога со судски тужби мора да се дојде до плата или надоместоци на плата, е долг, скап и за најголем дел од вработените во приватниот сектор, неизвесен процес. Над пет илјади работодавци во април не исплатиле плата за март на над 11 илјади вработени. Министерствата за одбрана и за внатрешни работи редовно доцнат со исплата на надоместоците за прекувремена работа…

Работничките права на големо се кршат кога платите и надоместоците на плата не се исплаќаат на време и кога сработеното мора да се бара на суд. Основниот суд во Штип е затрупан со работни спорови, годишно постапуваат по околу две илјади тужби за неисплатени плати и надоместоци. И додека вработените во јавниот сектор по судски пат доаѓаат до заработеното, тоа не е случај со голем број на тужители од приватниот сектор.
Работниците навремено да реагираат и да тужат, апелираат од „Гласен текстилец“. Истакнуваат дека УЈП е соучесник во кршењето на работничките права.
Според податоците на УЈП, скоро 20.000 работници од 12.000 фирми не добиле плата за февруари и март во законскиот рок до средината на април.
Славица Величковска
