Во Европа само ако имате минимум 3 месеци важност на пасошот
12.05.2014 12:20
Македонските државјани кои сакаат да заминат во било која земја-членка на ЕУ мора да знаат дека пасошот мора да има важност повеќе од три месеци...

На пат во Европа само ако имате минимум 3 месеци важност на пасошот! Македонските државјани кои сакаат да заминат во било која земја-членка на ЕУ мора да знаат дека пасошот мора да има важност повеќе од три месеци, во спротивно
тие нема да бидат пропуштени на граничните премини во земјава.
Од Министерството за внатрешни работи ова го објаснуваат со Шенгенската регулатива и појаснуваат дека не е проблем од Македонија да се добие излез за било каде ако пасошот ви е важечки, меѓутоа првиот момент кога нашиот државјанин ќе стапне на тло на било која држава која е во Европската унија тој истиот момент ќе биде депортиран назад.
Ова не важи ако нашите граѓани сакаат да заминат во соседна Србија, Албанија, Косово или Црна Гора.
Кај овие наши соседи може да се оди и ако пасошот ви има уште три дена важност.
