Голем интерес за социјални услуги, семејна грижа и нега во домот во струшко
Голем е интересот за бесплатна помош и нега во домашни услови во струшко. Месечно во просек 25 лица добиваат поддршка од здружението „Порака Нова“. Овие услуги го олеснуваат животот на лицата со посебни потреби и нивните семејства.

Голем е интересот за социјалните услуги, семејна грижа и нега во домот во струшко. Месечно во просек 25 лица добиваат бесплатна помош и поддршка од здружението „Порака Нова“.
Помош во домашни услови добиваат лица со Алцхајмер, мултиплекс склероза и болни на кои им е потребна палијативна нега. Овие услуги го олеснуваат животот на лицата со посебни потреби и нивните семејства.
„Услуги во домот се услуги за обезбедување помош и нега во домот на лица кои се со привремено или трајно намален функционален капацитет, односно лица коишто не можат да се грижат за себе во својот дом“, вели Марина Спасеска од „Порака Нова“, Струга.
Деветнаесет лиценцирани негувателите се грижат за пазарење, одржување на хигиена и давање терапија на лицата со посебни потреби.
„Од досегашното искуство задоволни сме од динамиката на самиот процес и се надеваме дека и после завршувањето на овој проект дека и понатаму ќе се зголеми интересот да се работи на пружање на социјални услуги“, додава Спасеска.
Во Струга од минатата година има и персонални асистенти, кои им помагаат на стари и изнемоштени лица.
Соња Рилковска
